со (предл.) - пајтон (имн.)

Низ Битола, пред очите на турската војска и полиција, се возеше со пајтон како богат солунски трговец...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Со пајтон стаса и чорбаџи Робе... Облечен во црни европски алишта, со низок фес на главата и дебел златен синцир на елекот, Робе се качуваше достоинствено по скалите, внимавајќи притоа да не ѝ го згази фустанот на жена си, кој ѝ се спушташе и ѝ се влечеше со задниот дел по штиците.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му помогнаа, незабележливо го симнаа од подиумот. И со пајтон го одведоа дома.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Другиот ден утрото Георги Манасов со куфер в раце со пајтон тргнал кон пристаништето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)