со (предл.) - папрат (имн.)

Ги подредуваа така што меѓу нив ставаа саксии со папрат и аспарагус, зашто сарделите зимно време не вегетираат, па ќе бидат засолнети со зеленилото од папратта и аспарагусот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во лединката легната под едно голо карпесто ритче, обрасната со папрат под чија сенка зреат шумски јаготки, најдов големо парче од авионска бомба и половина од минофрчка граната.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Фрлаа луѓето на нив сѐ што ќе најдеа: врела вода, жива вар, пепел, сода; им ги чадеа патиштата со слама, со папрат, со лепешки, со козина, со ќуќур; едни пцовисуваа, а други пристигнуваа; ги имаше од сите погании: црни, жолти, кафеави, со големи глави, со големи нозе, со крилја, без крилја, со крст на грбот или без крст.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сонцето жестоко печеше, а тој, археолозите и Денко, копаа на едно место обраснато со папрат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)