со (предл.) - отворање (имн.)

Излегуваат поздравени од воодушевените извици на насобраната толпа, излегуваат со своите чудни погледи, со своите неразбирливи мрморења, во распарталени алишта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со отворањето на вратата и влегувањето во станот, таа не престана со делење комплименти.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ситуацијата била многу напната И најдобро се релаксирала со отворање ороспи куќи Особено во некои мотели во западните краишта
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ја очекуваат големата свеченост, која започнува со отворањето на кафезите, од кои излегуваат заробените.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во ова време расте немирот и растат очекувањата и нестрпливоста тие да се остварат заедно со бабрењето на земјата и со отворањето на пупките. Ѝ пишував за ова на Агна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со отворањето на „Фондации нанадежни граѓани”, т.е. сперма, би се спасила и интелектуалната елита во светот, односно ние како потомци на Александар Македонски мислам дека и културолошки би дале придонес во развојот на светската цивилизација.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)