со (предл.) - обид (имн.)

Проблемот на балканските недоразбирања се поставува на глобално ниво: се говори тука и за стремежот да се создаде еден јазик за целото човештво, па, да речеме, се тематизира епизодата (а може и многу да се научи од неа) со обидите за создавањето на есперанто.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тука не се пропушта, се разбира, да се спомене и балканската гордост, Фаик Коница, кој под псевдонимот Транк Спироберг, се вклучува во европската полемика со тезата дека секој природен јазик со непречена милениумска еволуција, има поголемо право да биде избран за универзален јазик отколку сите вештачки јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Следејќи го владеењето одблиску во медитеранските источни пространства, како амбасадор, имав прилики да се соочам со владетели кои во владеењето ја избираа првата линија, која би водела неизбежно кон напредокот но и други кои се препуштаа на свиоци кон непознатото, неизвесното, со обиди да ја извишат кривата на владеењето повеќе од нивната реална моќ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со разум може да се гарантира напредокот на земјата, но најчесто жртвите на големите идеали, кои често завршуваат и во илузии, идеалите си имаат работа со историјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)