со (предл.) - неверица (имн.)

Васко со неверица влезе во колата и со едната нога надвор, го стартува моторот втренчено гледајќи од зад кренатата хауба на моторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ми ја земаш целата куќа!“, изустив по некое време со неверица, како божем се работи за некое недоразбирање, кое може сепак да се исправи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа ме гледаше со неверица; потем стана и рече: „Покажете ми.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да се сретнеш со бога. Ама и во него се гледа со неверица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Старецот со неверица гледаше во својот внук. Тие, учените, да учат од еден неук старец!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)