со (предл.) - налет (имн.)

Огновите цела ноќ се одржуваа, се бореа со налетите на ветрот, ама кога утрото го откри просторот со малечката станичка, со полето и со забот на туланата, сите беа притулени и испозаспани.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Суштеството беше премногу запоставено, желно за мирен сон, гладно за духовна храна, премрзнато од студените погледи на Еразмо со кои секојдневно беше шибано, како потсвесна самоомраза, небезбедно од острите стрели на стравот на Еразмо, што напаѓаа со налет врз него секојдневно, згора на се, осудувано со самообвинувања поради немоќта да се сака себеси.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)