со (предл.) - мустаќ (имн.)

И кога се „дигна завесата", таа виде селани крај масата, со мустаќи, дури еден двајца беа со бели коси, а попчето, отунато во ретка црна брада и мали остри мустачиња, ни најмалку не личеше на Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
(... Тоа, дека сега лежи недостапен во музејската колекција, идниот уметник го лишува од потребата да го нагрди со мустаќи... R.I.P!)
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеме да се запрашаме каква улога во сите овие односи играат иронијата, мистификацијата, криењето, вештото манипулирање, деструктивната критика или чистото насладување во илјадагодишното здание на „ученоста“; истото можеме да го кажеме и за двосмисленоста на митската архетипска тема на хермафродитот, присутна во Дишановиот трансвестизам, за Мона Лиза со мустаќи итн.; можеме да се запрашаме дали би било добро да се преиспита извесното уживање во профаноста или, напротив, провоцирањето на публиката третирана како куп „лаици“? okno.mk | Margina #8-9 [1994] 197
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од десната тој, големио Сталин, со мустаците и како да му вели на англоамериканцките имберијалисти - еј вие там, немојте да ми ги гибате мојте пријатели, партизанте на Маркос, заш свите ќе ве обеса на ено влакно...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Коњот, неспречуван од луѓето со бради или само со мустаќи, со реденици и со ками, долго пиел од отворената бочва а некој, подоцна, по битката, ранет и сокриен во пештера, раскажувал - под белата коњска кожа жилите видливо поцрвенувале, оние во ноздрите и вратот, и оние на градите и на стомакот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ми го криви вратот, ми ја откопчува блузата, ме бакнува и ме журка со мустаќите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Полицаецот сташно мрдна со мустаќите и го повлече за ракав старецот; на овој му паднаа напукнатите очила рамно под тешката стапалка на писарот кој потскокнуваше и мавташе со раце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Влегува еден низок човек со мустаќи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Оваа не личи на било која канцеларија, каде било.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од горе по другата страна на тротоарот пристигна еден младич со мустаќи протегнати токму по работ на горната усна и со вратоврска на која беа отиснати цела плажа мажи и жени.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога го видоа белобрадестиот патник, тие, Ескимите, голи и боси, како родени од мајка, се накупчија пред санките, а најстариот – со мустачиња и брада од петнаесетина влакна, се исперчи пред сите други: - Ви велев ли катадневно дека еден ден ќе ни дојде небесниот господар, испратен од белото небо?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ќе биде, ќе биде, и внукот со мустаќи ќе се закити, но уште е рано, тој нема ни дваесет.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Четворица сме: јас, жена ми, ќерка ми и син ми; јас: маже со мустаќи, без власт, без сенка, со песна в раце од Давид Авидан, превод од хебрејски на Жени Лебл, понизок од жена ми, а таа не мора, ама се наведнува, се спушта со телото кога сме надвор и еднододруго, некако да се изедначиме, да го избегнеме подбивот, ѝ велам, како успеваш, а не, вели таа, толкава сум.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Луѓето како јас имаат последичен праисход: велат веќе речени работи кога на пример се спомнува сексуалната егзалтација: еби си мајката, фати џенем, вит не видело и невиделица, така за луѓето како јас, така и јас: еби си мајката, оди.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)