со (предл.) - матарка (имн.)

Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И покрај сите вакви збунувачки размисли, за нас смртта не е веќе она што претставувала за татко ми оној ден кога го пронашол својот помал брат во сенката на една од крушите кај Желкин рид потпрен со грбот на стеблото на престарената круша и со матарка вода во раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стариот велеше дека имал впечаток оти неговиот помал брат си заминал од овој живот без да е свесен за тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како кошаре се отворив со матарка се премазав да се помамиш по мирисот да ми дојдеш матицо моја станав кревок и подгорен пергамент мозаик незаштитен со песок непрекриен со мрак се оптегнав како апсида за да стапнеш, конечно, во мене со поглед вперен угоре налик на реквием или псалм одекот да ти биде длабок.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Методија, целиот во недоумение почна да ги загледува кон вратата за да види што е ова со матарката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Токму во четата на Крстиќ, Раде се стори со матарката спомната на почетокот од приказнава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)