со (предл.) - корен (имн.)

Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Продолжи да оди. Пенушките од брест, што беа откорнати од теренот и со булдожер беа турнати во купишта од безредие со корењата црни како јаглен кренати нагоре под чудни агли, му изгледаа стравотни и го потсетија на надуените мртви тела испечени од сонце, што ги имаше видено на северно-африканските бојни полиња.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Гласот е црн повит со корен во некој гроб.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ние сме сон на тревите со корен на мисла дива, Отмена растителка на надежта во топлата ложа.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Тој ги знаеше и сите млаки каде што можеше да биде задржан тој, а знаеше дека во вакво време дивите свињи се хранат со корењата, што ги ископуваат по тие млаки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Можеби Марко Марикин сакаше да ме исправи на нозе со стружењето на својот глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како со коренот на своите стапалки да цицаше од земјата подмолен татнеж, раскажуваше: „Чумата не се шири по светов сама од себе и не ѝ го разнесуваат семето ветришта. Земјата се покрива со трупови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
При слабата светлост не можеле да видат дали чудесниот цвет во окото на животното свенал, само знаеле дека едниот рог се замрзнал со врвот в земја и дека нозете останале неподвижни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја претчувствувале главата пред жртвеникот на прегладнетоста: пред пенливи ноздри виси побелен јазик и се допира до нејака тревка; тоа е преживарска смеа над човечка алчност - лапајте и цицајте крвца, еднаш билјето со корен ќе ја смукаат и вашата крвца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со гранките испреплетени сонцето си го затемнија и се задушија. Со корењата сплеткани животните сокови ги исцрпија и гладуваа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)