со (предл.) - командант (имн.)

А тој ја сакаше татковината, ама не можеше да се разбере со командантот на логорот чија и која татковина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Генералот се поздрави со командантот и го праша сѐ додека му ја држеше раката: - До границата колку е далеку?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зарем нејзиниот постар син Ариф не го знаеше францускиот јазик и не ги познаваше добро француските војници на чело со командантот на воената територија на Подградец, припоена на тогашната Република Корча, а зарем тие не му ветија еден ден, кога ќе заврши војната да го прифатат на студии во Франција? Зарем не му беше ветена иднината?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Настрана комесарот разговараше со комадантите на баталјоните и издаваше упатства.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од своја страна и ГШ на НОВ и ПО на Македонија беше презел активности со цел да стапи во контакт со командантите на бугарските окупаторски единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)