со (предл.) - количка (имн.)

Пред него стоеше еден студент, со калфинска престилка и раце со кал, а како да стоеше некогашен затвореник со количка претоварена за слабечките мускули.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
ДИМИТРИЈА: Чекајте го вие свети Харалампие ако сакате. (Поаѓа со количката кон вратата.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Знаеш ли што се поткровјата? Тие се временски машини во кои старите отрпнати луѓе како мене можат да патуваат наназад четириесет години, кога сета година беше лето, а децата ги гонеа и опседнуваа сладоледџиите со колички.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
(Тропање на вратата. Димитрија оди со количката. Отвора.) СИВИЌ: Добровечер. Јас сум Сивиќ од компанијата Шнајдер. Може да влезам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во тој момент пред купето се појави кондуктерот, кој ни го прекина појадокот, а по него и еден со количка, во која имаше кафе и пиво. Но, никој не купи ништо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)