со (предл.) - интересирање (имн.)

Блефира ли, или вистина има пријатели на високи позиции.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Колку „Халите“ се разгледуваат со интересирање, толку и брзо се напуштаат, затоа што можеби овде е најнечистото место во Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Бездруго, еминенцијо”, рече Беренц погледнувајќи со интересирање во ведриот, но авторитетен духовник, кој по оваа реплика уште повеќе порасна во очите на есесовецот испратен во оваа европска провинција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Чуварот сега со интересирање ја погледна. - Види богати... што ти е таа? - Сестра ми. - Постарава... - Мајка ми.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Забележував дека другарките со интересирање гледаа во нас, кога ќе тргневме од училиште заедно и следеа дали и учителката ќе влезе кај нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)