со (предл.) - инает (имн.)

Зборот има неисцрпни значења и ретко кој би можел лесно да го искорени од балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И, како што се велело, не се живеело со инает, туку за инает, како можен стил на живеење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ете лели со инаетлак татко ми ме фати, чекај да ме види што маж сум јас.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Пред да предложи да запрат со работата за тој ден, Камилски веднаш продолжи: Не можеше поинаку со инаетот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се присилуваше да не мисли на гладта и жедта. Нив ги заполтуваше со инаетот за да издржи сѐ.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)