со (предл.) - етикета (имн.)

- Ау, дворската дама сакала вино со еполета, то ест со етикета. Нека ти биде, знаеш каде се парите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Патем се чувствувам како некаков женски Дон Кихот кој сѐ уште е засегнат за својата Убава Книжевност, во време кога таа го менува својот лик, кога нештата се мерат со етикети, а не со содржина, во време кога и Литературата ја прекриваат со имињата на нејзините произведувачи. Armani, Eco, Toshiba...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сето ова делува најприродно, како и суптилните, кружни движења на нејзините полнички дланки, кога во наежената кожа ми втрива мирисно масло од темното, осмоаголно шишенце со етикета „Здив на боговите“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Порачуваше германски книги од Пешта и Виена, француски од Париз, откаде, во лакиран, дрвен сандак со етикета „L`orgie expressif Mustel“, му пристигна инструмент со благи типки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)