со (предл.) - дожд (имн.)

И чинат таа и натаму да се врти со есента со дождот и со ноќните шумови.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Слегол од амбарче Силјан долу и тргнал за дома да си влезе, чунки рано било и малку времето расипано со дожд и лапавица, била уште баба Марта, та домашните си седеле крај огон и си се грееле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Скокна и жена му исплашена од постелата, и стрчнаа обајцата надвор; надвор ветерот почна да ги турка опсипувајќи ги со дожд и со водата од брановите што се кршеа од ѕидот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како пара од огромен казан, над Водно се пластеше густ сињак, се лелееше по модрите ридишта и заплашуваше со дожд и студ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се кинат птиците, летаат пердуви, ги нападнала орелска и штркелска пипка, врз коритници или врз лелеав шамок плиска крвав дожд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со дождот паѓаат и крвави птици и се распрснува писок од кој и мртвите умираат по вторпат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од лево и од десно, од напред и од назад, се здадоа гласови Каде стигнуваат другите што се обесуваат на возовите како црни мадиња? или нас сакате да нѐ заборавите тука? да нѐ оставите со ветриштата и виулиците, со дождовите и со жештините? да нѐ оставите да нѐ смукне оваа проклета рамница како да сме изгниени мушмули?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Облак не зборува, си мислам облак може да грми, може со дожд или со град да те удри, ама не зборува, си мислам, и ја поткревам главата нагоре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со дожд солзи си го запишав денот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)