со (предл.) - добрина (имн.)

Заедно со добрините за интересите на Македонија, изброени погоре, името Бугарин донесе и негативни резултати за револуционерното „дело”: Името Бугарин и нееднаквите уверувања пред Бугарија и пред Европа за судбината на Македонија по нејзиното ослободување создадоа полна недоверба кон нашето „дело” од страна на европејците, мислејќи го за итрина – не македонска, ами бугарска – за маневар на бугарската влада да се реши македонското прашање поскоро.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со добрина гостев, со убост ме нагостија, не улев на Бога, не ме стигна ни улерата, Господ ме чуваше од сотоната, ангели ми шетаа по домата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Што ги правело настрвените непријатели наеднаш да се престорат деца и фини луѓе, толку желни за гушкање со добрината?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Дардаванија! – нагласи пламенокосиот со насмевка облеана со добрина. - Дардаванија!? Прекрасно име! ...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Мајка, со својата питомина на срцето, со својата кроткост, со својата тивка моќ, со добрината која зрачеше од нејзините очи, умееше во себе да ги поврзе разликите од монотеистичките верувања, во некое свое заедничко верување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Изградбата на црквата, ставањето на два крста, садењето на дрвото, претставувањето себе си како човек благороден, со добрина во срцето... Боже, ова толку многу се повторува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вистинска зимска ноќ, а во неговиот поглед тоа прилегаше на една топло расплавена цветна априлска или мајска утринска ледина во која цветовите, испреплеткани со рамката на една заедничка слика, те повикуваат со добрината на играта која, до колку не ја прифатиш, цел живот ќе тагуваш, ќе се каеш, ќе болуваш.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)