со (предл.) - време (имн.)

Но антикозарите со времето стануваа сѐ поупорни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми, впрочем како придојденик во градот, без рода и блиски, ако се исклучат козите, тие туѓи организми во семејството кои со времето толку соживејаа и станаа дел од него имајќи го на ум брат ми партиец, сметаше дека не е толку мудро да се мешаме во политиката на домородците, зашто и кога ќе имаме право за некоја работа, тешко сите да ни поверуваат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кој знае што понатаму се случи на покривот, и со коњите и со покривот, но овде во дворот, пред влезот во мојата куќа се најдовме лице в лице со времето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Потпрен на лактот на перницата во креветот, онака според навиката што телото го стекнало со време, ме утешуваше и ме смируваше темното и затвореното, ме штитеше, чувствувајќи ги сенките и облиците што се плетеа околу мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во неговото чувствување на човечкиот свет постоеја неговите изискателни авторитети, постоеше тој и амбицијата што требаше да ги задоволи желбите на патријарсите на неговиот живот, што со време станаа и негови желби; и потоа доаѓаа другите, останатите...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
До пред некој месец се сметаше за избраник на Севишниот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со време нејзината соработка добива сѐ поактивни форми, таа станува агент на тајната служба под име „Јагуар“ и се стекнува со статус на офицер.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
ЛУДА ТРКА СО ВРЕМЕТО
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа, со време бледнееја нејзините црти, се губеа во неопределена нејасност, како да ги брише блескавоста на ова летно сонце што го заморува неговиот поглед и ум.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Така, рече тој, поарно да си се пригодува со време човек.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А планирав со време да се извлечам од гратчето и да го поземам патот за селото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така со време, не ги собра ами ги одбра, покарактеристичните случаи од тие свои одговори и ги објави во одделна книшка што наиде на широк прием кај читателите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пијан од ова лудо вино на јули мислам на твоето древно дружење со времето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А сетне, со време и сами ќе се свикнеме да се сметаме за погрчени и сите другите ќе нѐ сметаат за погрчени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Многу практични потреби им разрешуваше на жителите на Потковицата, многу тајновити нешта, многу легенди, многу остатоци од цивилизациите и војните што поминале тука се заплатиле во неа па и ден-денеска се во жив натпревар со времето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури и гробот самите со време го подготвиле и тоа под нејзин надзор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Националниот идентитет се потпира на претпоставката за меѓународно признати вредности, но во денешниот свет на брзи промени и испревртени поими, тешко е да се држи чекор со времето и истовремено да се остане на веќе постоечките вредности.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Лежевме така неопределено долго под дрвото; мислам дека веќе и времето изгуби смисла, оти ние говоревме работи што не се сврзани со времето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Столетието што го делеше од дедо му имењак, ја загуби својата перспектива и неговото сопствено време и неговото „јас“ се склопија со времето и своето „јас“ на неговиот предок, така тој сега стана опседнат од верувањето дека тој лично, а не прадедо му, го изградил мостот на Луда Река, и дека во потпорите на тој мост, што е прикажан во многу приказни, тој ја жртвувал својата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со време, заборавија луѓето на небесниот бик зашто далеку беа снежните планини на Кападокија за да го побараат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Револуцијата стана и иако има најужасни последици за нас, пак даде некои благодатни резултати со коишто можат да бидат задоволени нашите борци за национална слободија: тоа се Мирцштегските реформи3, кои ќе бидат раширени спроти нуждите што ќе се покажат со време.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Отпрвин тоа се бавни кругови околу Неда, но со време тие стануваат сѐ помали, додека тој не стигне до точката која е центар на кругот, веднаш зад Неда.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Останува во сенка, незабележано... колку бразди врз челото испишав... ко нејасно кинеско писмо колку букви, толку години потиснати со времето избришани, избледени...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ама со време, отрпнуваш. Оти си смешан со калта, заглибан, завеан.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ќе го нема, со времиња ќе го нема, па пак ќе се појави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ДЕЖА ВУ
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И додека кандилото чадеше во одамна втемелената црква, некој си поигруваше со времето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со време навикнавме на неговите сѐ почести исчезнувања, на неговиот чуден живот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Иако почесто се среќаваа на скалите на зградата или во дворот, таа во почетокот не обрнуваше внимание на него, но со време, кога ќе се сретнеа, таа ќе го загледаше малку подолго, а и тој ќе ја загледаше малку подолго и тогаш автоматски се поздравуваа, како луѓе што им е непријатно молчешкум да се разминат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но, сепак, останаа на претходниот договор, наместо по еден збор, на секоја средба да се третираат по пет, па со време ќе видат како ќе постапат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со време Татко и неа ја премести, а на неговото место ја постави сликата на својот вујко која долго време успешно ја криеше во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски никогаш не го прашуваше Татко кој е на сликата, но сега помисли дека тоа може да биде само Али Фети Окјар и никој друг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски до доцна во ноќта пребаруваше во своите речници и енциклопедии, книги и поранешни записи, за да ги одреди петте навистина опасни зборови, во продолжение на петте третирани, во утрешната средба со Татко која беше закажана кај него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повремено, кога ја средувам документацијата, ги гледам фотографиите од гробовите и прочитувам: „Лазе Костовски и Невена, заедно, 1949 и 1951, на крстот имало две мали елипсоидни слики, но со време испаднале, останале само дупчиња; Стефан Лазески, 194., последната бројка не е читлива; Младен Поцо, 1956; Ица Танеска, името напишано наново со мрсна боја; Боне Попчев, 1945, со елипсоидна слика под стакленце, на еден крај поткршено, сликан залегнат со шмајзер на Сремскиот фронт, каде што е убиен; Стевка Симонова, година нечитка, за спомен од нејзиниот син Тале“.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Симон, со време, залегнал во Долнец и, како што ми кажуваше Лена, тој самиот велел дека си разгазил свои патеки и дека, дури, немал потреба да среќава многу луѓе и дека, дури, чувствувал зазор од појавувањето на некого.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Па и да сакаа, немаа со што, бидејќи оружјето што го имаа се собра со време во тврдината и сега тие беа раат работа долу, по Воденско и Солунско Поле, за да можат да ја пречекаат суровата зима по нивните изгорени и ограбени куќурки.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ЗАФИР: А, Костадин што го доведе.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ФИДАН: (Прифаќајќи го бардето). Добро рече ти Божине: Секоја сила со време... Туку, нејсе... (Пее).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Со каква неподнослива леснотија си проигрувавме со времето додека беше жива не знаејќи колку ќе жалиме, еден ден, поради тоа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со време се менуваше ликот на далјанот. Реката запрена среде, при силни води ги поплавувала блиските полиња.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Ги продадов дрвата, купив сол и со време си дојдов. Еве и пари ти донесов! - горделиво се пофали Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Требаше со време да се заинтересираш за таквите нешта, колега Вртанов, а јас ќе се потрудев да ти ги објаснам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Бошко се стегаше, но сакаше да го прави тоа, мислеше дека му е доста она што му го дава Луман, но со времето навикна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Станува негова прилика. А приликите во животот на дед Павел беа почнале да се влошуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мене ми се чини оти сѐ она што човекот го создава со своите раце и со својот ум, со време почнува да ја следи судбината на сојот создател.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Додека беше прилегнат на столот, онака остарен а издолжен, ми се причини дека гледам давеник штотуку изваден од водата како се бори да дојде до малку здив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нашиот Кубан и така беше пуст. А со времето уште повеќе ќе опустее. А потоа ќе го затрупа снег“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од нас ќе остане нашиот изопштен и притаен одливок мал како хаику, како врв мал од што е далеку - како сонце тој жив талог во којшто со време сме се претопувале грч по грч, капка по капка крводарителски.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Оние на кои им значи огнот со време ги курдисуваат срцата на забрзано чукање и пред да го започнат почесното сркање на новите страсти кришум прегрнати среде бел ден севезден дуваат во мангалот на Хипократ и ги разлетуваат како диви гулаби скриените жарчиња од кои се ројат палави светулки за новите ноќи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
„Бој е судир на поголеми здружени единици за постигнување на одредена цел, поврзана со време и место“.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со времето ќе никне гороцвет и синчец во пресни зори ќе тагува над нив: ќе израснат млади фиданки на бели брези со гранки спуштени ко долги плетенки со одблесок на сребро... лете роса од пресна зора да ги лади, зиме со златно лисје да ги тажи и на пролет јата славеи да се збираат во нив и на сето грленце песни да им квилат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со време ќе научат да се грижат и за ранетите. Јасно? Тоа е сѐ!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не пукнуваат, ама спласнуваат, зашто со време гледаат дека на нивните фалби луѓето гледаат со подбив.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ако не пресечеме веднаш, може ќе им текне и светец со време да го направат овој Ѓорѓи Кратовец?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За почуда само, со време, околу турскиот гроб на Сафет-ефенди никна босилек, и тоа многу го израдува Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)