со (предл.) - венец (имн.)

Тие паметат како изгледала порано оваа обична главичка; голо, детски розикаво теме, со венец остра, црвена коса над малите уши, подвижно чело просечно со две вертикални, страшно густи веѓи, голем црвен нос, широка уста, модри насмеани усни, ќосава брада со снежнобела кожа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сина водо голема добра водо со венци игриви од пена (нечии тајни дамнешни шепотења).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
На Антипатар му дал заповед: на сите натпревари и театри Македонците со венец на глава да седнат во првиот ред.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
А одочесниците низ полето, како и додоларките накитени со зеленило, со венци од младо жито и од полски цвеќиња, опремени со крстови и икони, пееја своја песна: Крсти носам, бога молам: Господи помилуј! Господи заврни!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)