со (предл.) - брашно (имн.)

За да можат да се исхранат луѓето, голата сиромаштија дури мелеле дрвја за да ги јадат помешани со брашно во некаква чорба голата сиромаштија....
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во семејството на еден скржав имам неговата домаќинка била принудена да меле пченка, кочан и кора од дрвје за да си ги нахрани децата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Доаѓаат тие, Бугарите велам, и ни велат дека сме Бугари, та со камиони ни носат износени алишта, среде село растоваруваат од камионите вреќи со брашно, грав, леќа, шеќер и пакети со некакви слатки за децата, сокови, кока - коли, па дури и вода.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На секое дете за цел ден ни делеа по едно ‘ржано пешниче леб, големо како две тупаници, по една лажица шеќер, а во големиот казан, за ручек, скоро секој ден вареа надолж посечени компири зачинети со брашно и многу црвен благ пипер.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во ќошот на женскиот кат, задолжително стои „месарскиот ковчег" — ноќвите, до него крбла со брашно, па амбарче кај чорбаџиите; а најдолу се наредени подниците, вршниците, а врз нив кацијата за посипување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не мина многу откако ги примија првите плати, обајцата донесоа по една вреќа полна со брашно, едното пченично, а другото пченкарно, сеќавајќи се на Татковата вреќа брашно, која одамна престана да ја носи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога, на крајот од месецот, Татко не ја донесе ветената и очекувана вреќа со брашно, Мајка му ја положи својата кафеава бунда на масата. Татко ја погледна зачудено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)