со (предл.) - архитектура (имн.)

Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така таксономиите, водата, пејзажите, птиците во воздух или во готвачки лонец, близнаците, женското сојузништво, сите типови телесни реакции, внесувањето на храна и геометризирањето кадарот со архитектура, стомак или наместена маса - се чинови на една сепроникнувачка цивилизациска посвета.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Па, така, нема да можам да ја објаснам машката геј- фасцинација со сите културни облици што ги набројав – со холивудската кинематографија, со бродвејскиот мјузикл, со великата опера, со класичната и со популарната музика, со стилот и со модата, со внатрешното уредување и со архитектурата – иако ќе ги начнувам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Низ книгите ги откривавме и нејзините сликари, Карпачо и Белини, Џорџоне и Лото, Тицијан и Веронезе, Тинторето и Тиеполо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)