против (предл.) - македонски (прид.)

Тоа, пред сѐ, биле информации што биле преземени од окупаторските весници и главно се однесувале на судските процеси што се воделе во Македонија против македонските комунисти поради нивната активност.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така на пример, најтиражниот американски весник „Њујорк тајмс“, на 9 мај 1942 година известува за извршениот атентат во Битола над Александар Ќурчиев, областен началник на бугарската државна безбедност, од страна на Стив Наумов.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Паралелно со полнењето на затворите во речиси цела Македонија и применувањето на познатите и испитани тортури против целото македонско население (специјални експедиции против македонски села, палежи, грабежи и слично), во Солун се подготвувало судење кое, според замислата на официјален Цариград, правосудството на султанот требало да го претстави пред Европа во една за неа непозната светлина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кампањата против македонското револуционерно движење во Грција зела невидени димензии.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)