при (предл.) - преселба (имн.)

LIX При преселбите на нашето семејство за Татко, главниот стратег на егзилот, пресудно беше да ја загнездиме судбината крај брег на река, езеро или море, а за Мајка најзначајно беше во каква куќа ќе се вселиме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќесето со каменчиња и со школките при преселбите некаде исчезна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нам ни остана само клучот од куќата, во врската со други­те клучеви од напуштените куќи, при преселбите, со пустата надеж оти ќе се вратиме во нив пред да ’рѓоса бравата на заборавот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но таа, за секој случај, ја носеше со себе врската со клучевите од нашите напуштени куќи, првин крај Јонското Море, а потоа крај Охридското Езеро.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)