при (предл.) - патување (имн.)

Таа таму препорачува, за да се разбие досадата при патувањето со воз, да се чита интересна книга, то ест да се читаат сопствените дневници.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Многупати во животот, при патувањата со вистински големи и брзи возови, кои го надминуваа и покриваа нашето вовче, тоа ни се враќаше и остануваше засекогаш во движењето низ тунелите на нашето сеќавање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Уште поверојатна е претпоставката според која на истово островче требало да се сретне со божемскиот Вок со едно око, оти без помош од Вок, исекот на 365-те денови, како и дотогаш, пак ќе носи триста незгоди при патувањето од најсеверниот свет до најјужниот југ.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)