при (предл.) - операција (имн.)

Но при операцијата останаа во чудо: ѝ го најдоа во неа и оној поранешен плод - зачнат вон материцата и немајќи услови да се храни, кога достигнал одредена големина, угинал.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
При операцијата изгубил многу крв, и од болницата им јавиле на Марта и Ана да му донесат најнужни нешта. Следниот ден тој сепак инсистирал да си оди дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа вечер отидов да го посетам. Заради незацелената рана во устата не можеше да зборува, па ги запишуваше своите прашања и одговори на лист хартија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Исто како што хирургот, при операција на срцето, не може да го занемари телото што го опкружува срцето, така и за преведувачот е погубно да го обработува текстот во изолација од културата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)