при (предл.) - напуштање (имн.)

При напуштањето на канцеларијата Грофот стори непоправлив гаф.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се раскара со Бешот и другите организациони луѓе, го протепа во Градешница и самиот селски војвода Гулета, ги тевтиши Старавинци, Вешивци, Грунивци што избегаа од Витолиште и ја почна пак арамиската.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мајка знаеше што да прави со цвеќето. Имаше сина вазна, донесена од Италија, при нејзиното единствено патување во животот со мажа си, спасена при напуштањето на куќата крај Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дури Тренков и другите организациони дејци, по страшните порази, се откажаа од борбата и од нападнувачка поминаа кон одбранбена борба, Толе си остана верен на својата клетва, дадена уште при напуштањето на кошарката од татка му Трајка во Крушевица, дека ќе се бори и ќе коле, тепа Турци изедници, а и нивни помагачи од која било вера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не го зеде ременот од закачалката а можеше лесно да се забележи дека во футролата на ременот беше и неговиот службен револвер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)