при (предл.) - влегување (имн.)

При влегувањето на младенците во брачната соба ѝ ги зимаат лебовите на Антица, како и свеќите на обајцата — Антица и Николаќија, ги забиваат во средината од лебовите и така ги оставаат на јашмакот од оџакот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Уште при влегувањето, го слушна чеканото прашање од стражарот. — Ќим сн сен!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најпосле, откако Петре ќе решеше да влезе во друг дуќан, дуќанџиите, како што му палеа темјан при влегувањето, така при излегувањето го попрскуваа со ѓулсуи, и тој излегуваше на дрвени нозе, поревајќи се и не знаејќи сега на која врата да излезе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)