при (предл.) - тоа (зам.)

Траверза- препречница, која како попречен бедем се спротиставуваше на секој отпор, при тоа препречена во ходникот на животот му се спротиставуваше, истовремено потпирајќи го како негов главен р`бет, столб на кој животот се држеше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Како можел да делува совесно, во многу тешки услови на живот, и при тоа да ги брани одбележјата на културата, уметноста, јазикот, како се изборил за привилегијата: да бидат сочувани сите овие богатства?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Та јас сам можев река од крв да пуштам да тече по Балканот, - рече тој и при тоа одеднаш му набрекна вратот, ја крена главата и јас се најдов лице в лице со лик на страотен јунак од сказните. Наши.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Значи, овие црни водје ќе истечат, ќе се избистри водата, - му велам на Турчинот и при тоа чуствувам некој радосен подем во градите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
При тоа сфаќам една своја темелна грешка.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа го донела во мојот гроб, си велам и при тоа сфаќам дека дембелот, каков што е вака крупен и снажен, може да ми стане па од сопствениот ковчег да излезам претепан.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
При тоа тој си го дупна прстот, ја цица крвта, гледа во гробот и вели: - Еба ти мртовецот! И овој келепуџија да ме заебе!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го сакаше зашто ним им ја оставаше радоста, додека грижите и осаменоста ги носеше со себе во кројачкиот дуќан, ја разбираше секогаш, а ја прекоруваше само со поглед, го сакаше зашто сакаше за сѐ да разговара со неа, го сакаше зашто го гледаше колку му недостасува мајка ѝ, а при тоа го гледаше како ги задушува емоциите кои излегуваа само во вид на повремени, несвесни воздишки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Tinguely впрочем обликуваше дела какви што се Подарок за New York и План за пропаста на светот, во кои раздвојуваше и конструираше машини (од часовничарски механизми, федери, погонски вериги, ламели, запчаници и други механички елементи), коишто се изложуваат самите, а при тоа произведуваат дури интересни звучни ефекти.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пар нозе го газат грбот на патот да му ги испукаат коските (патот при тоа задоволно стенка).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
При тоа телевизијата е постојано on-line, хипер-реален виртуален свет, во којшто живеат мали телевизијци, луѓе за коишто никогаш не можеме да бидеме сигурни дали постојат во нашата стварност или не.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Веќе споменавме што се случува: 1. Ориентацијата на сопственото јас е примитивно орална; обземено со недоумица како да ја одржи својата животност, додека при тоа е престрашено да се впушти во што и да е. Тоа е очајно и прежеднето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
При тоа, за чудо, се покажа дека таквите работни модели не можат да бидат ниту слики ниту текстови, туку дека се алгоритми.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Со воведувањето на оваа дополнителна обврска за припадниците на судската полиција фактички дојде до негирање на нивното право на штрајк, зашто останува нејасно како е воопшто можно да се штрајкува, а при тоа да не се нарушува редовното извршување на работата?
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
На тој начин Христов ја пронаоѓа својата еурека, ја реализира својата вродена и природна творечка дарба што на авторот му овозможуваат од секојдневното, обичното, локалното и специфичното да изгради сеопшти уметнички квалитети и симболи а при тоа да не ја наруши или загрози нивната реалност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Останувам при тоа дека деконструкцијата не е ирационална.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Можеби бев неправедна кон него при тоа прво видување, но веднаш заклучив дека не ми се допаѓа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но, не значи ли тоа само неефикасна закана со побожни фетиши да ја избркаат несигурноста на сегашноста?” (Bruckner,69) Margina #32-33 [1996] | okno.mk 109
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1 „Ни недостасуваа крстоносните војни, конечно ни се пружи убава прилика, но таа војна допира длабоко во нашата приватност и предизвикува пеколни маки или небесно блаженство: според тоа дали ќе слушате Bach или Mick Jagger, ќе бидете спасени или проклети.“ (Bruckner, 62)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само така можеме да разбереме дека некои ја негираат масовната култура и забава во име на 'високата култура' со подеднаква непопустливост како и Црквата што некогаш ја осуди таа иста култура во име на „светата вера“, и дека на моменталните успеси им го даваат за пример бесмртниот Racine и Monteverdi и при тоа ризикуваат тие великани да ги осамат во царството на совршеноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А при тоа да го цениме своето работење не по надворешниот негов вид, а по неговата вредност, а цената на трудот се мери со потребните за него сили.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нашата цел во оваа книга е да ги разгледаме различните видови сложени структури и поведение што ѝ се спротивни на интуицијата, внимавајќи при тоа на заедничките особини што би можеле да ја сочинуваат основата на некаква „наука“ на изненадувањето и сложеното.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Работеа во Грција, градеа некаков санаториум крај маслинките на едни стари гробишта, подалеку од градот, ѕидаа повеќе зданија, а оној работеше на сонцето од сите тие денови, ги дигаше како од шега сите оние огромни блокови делкан камен, а неговата црвена коса како да расцутуваше на сонцето на тоа лето, беше постојано среќен и широко насмеан, со сите нив околу себе, со сите ѕидари и со сите деца, секогаш готов да стори нешто за секого од нив со оние огромни пегави и црвено издамчени рачишта да им помогне, а при тоа и да им се насмее со она свое големо лице, на кое постојано зрееше едно огромно задоволство со себеси и со сите други доста поситни од него луѓе, што се грижеа за него и што го слушаа со задоволство како труби неговиот глас меѓу ѕидовите, среќни со неговата момчешки несмасна шега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Излегов малку да прошетам; и при тоа, колку што е возможно тоа, да се мисли на нешто сосема друго, на нешто свое, за кога ќе излезе пред тебе онај живот отаде, тој да те сепне, да те разбуди, да те натера малку да се стреснеш и во истиот миг да бидеш спремен за она, што треба да го сториш со пушката, брзо и без двоумење, сигурно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Е нема веќе саглам врска, да се пофалиш!“ - вели мојата сосетка мислејќи при тоа дека во тој куп не спаѓа нејзината, која е од оние што траат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
При тоа труби, со познатиот звук на блех-оркестрите: „Единство”, „Слога”, бидејќи „Сите сме исти”; и ефикасно натурајќи само едно мерило владее со целиот регион на словенското суштество.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А затоа што пак, при тоа „страотно повнатрешнување на светот” е сочуван „приоритетот на свеста” (којашто, патем, го вклучува и тн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кала седна на столот каде што седеше докторот и почна да го жулка Илка по лицето и челото, да му турива со лајче вода во устата, да му ја поткрева перницата зад грбот за да му го олесни дишењето, но тој само ја погледна кревајќи ги очните поклопки со напор и при тоа како да се поднасмевна со крајчињата на устата, и таа насмевка му остана на лицето, згрчена, недовршена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој, при тоа, наместо да биде разочаран од најавениот развод, повторувал, Ох, пак даде Господ да ми почини душата!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Веројатно, бурата и магнетните сили, кои при тоа се создаваат, се во „врска”- со генералната наредба која струи до сите јагули како повик за да го започнат големиот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој навлезе во светот со сила тогаш само така беше можно тоа, и го преврте светот наопаку испитувајќи ги туѓите можности за при тоа ТОЈ да ја измери сопствената моќ!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
При тоа старецот тешко се издиши.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)