преку (предл.) - луѓе (имн.)

Околу полноќ, по многуте попусти истрели во заштитничкиот камен, преку луѓето минал бран кобна тишина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Преку луѓето од дружината минале морници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и во втората ноќ, иако неразбирливо и искинато, Селџик-бег пеел со ослабено грло за селењето на птиците и на човечките души.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш виделе, слични на повеќебројни апостоли без ореол, како кон грубата маса околу која се стиснале се доближува со нишање на колковите млада жена со јамак за вода.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се џарам вака преку луѓето, барам место и јас некаде да се доберам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)