преку (предл.) - лето (имн.)

Последната мера млеко веќе не се сири, ами се тура во качето за „сирната недела“, а чорбаџиите што наполниле и две-три качиња ќе сторат севте уште на св.Јован за да се покажат и пред гостите на Свети Атанас дојде ли Петковден, тоа е меѓата до кога ќаите ќе ги пасат ругарските овци и кога ќе им ги лачат на стопаните тие што останале преку летото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А Карабоја извади 146 јагниња, јариња, 68 продаде, 5—6 закла преку лето и пак во булукот останаа 120.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Преку летото работеше во книжарницата на К.Г.Самарџиев најгруби работи и се запозна со некои од тогашните борци за црковна автономија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сметките покажуваат дека е добро преку летото да се ослободи „животниот станбен простор“, зашто од приходите на туристите ќе можат да се решат многу проблеми во домашниот буџет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Викендите одеа во природа со децата, а преку лето целото семејство заедно одеше на море и кога се враќаа поцрнети и освежени раскажуваа за нивните „морски авантури“.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На Факултетот за земјоделство и шумарство (еми не студирав книжевност), во трета година, преку лето одевме на пракса.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За печалбата во туѓина. Додуша, тогаш, во ’80 и некоја, Хрватска и не беше странство, ама на море, тогаш наше, преку лето, се зборуваше македонски.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Така правеа секогаш кога ќе дојдеа тука по неколку месеци преку летото и тогаш си живееја само за себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука беа сите оние нивни избележани стебла, а сега тој можеше на едно дебело дрво во корубата да го прочита и она, што го имаше врежано тука со својата секира еден од младите, што доаѓаа преку летото долу, во нивната пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)