преку (предл.) - две (бр.)

На онаа станица одново се слуша, „О, каков прекрасен свет“, а на друга, преку две вртења на стрелката: „И јас ќе останам со вас во чамецот...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Макар што тие живееја преку две улици, Мајка се зближи со нив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А Горачинов, недела преку две, ми пушта ново писмо и ајде сега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кулминација на реметењето на домашниот мир настанува кога комшијата што живее преку две улици, ќе ти заѕвони на врата за да те праша дали имаш нешто против што у субота ќе прави мало журченце.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
На другиот крај, преку две седишта, спие Андреја. Чевлите му се собуени. Грчи.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)