пред (предл.) - нов (прид.)

Потоа ја запече малку сланината, ги нафрла во тукот колбасите и, да се покаже пред новата јатрва салам домаќинка, стана, извади од вратките на ноќвите едно грне полно со јајца и удри да крши врз колбасите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега тој пред Татко по некогашната сорбонска одбрана, небаре се наоѓаше пред нова, балканска одбрана и вистинска рехабилитација, која не можеше да му ја донесе ниедна тогашна и идна универзитетска институција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред Нова година, Митревски го потпишува решението за технолошки вишок, а веќе следниот месец, во јануари 2007, му е исплатена и испратнина – во висина од околу 57.000 МКД (935 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тогаш како и во оваа вечер кога го прогонуваа, ги следеше пред себе двете пијано прегрнати сенки, кои полека се намалуваа сосем да се сокријат зад нив пред новата светилка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Годината е 586 пред новата ера според современото сметање на времето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Остана горчливиот спомен за потресните денови И еве ме пред ново искушение, пред нова, за мене, судбоносна телеграма, која ревносниот шифрант ќе ја пренесе набргу во земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лажно се тешев. Времето минуваше во ново одложување, пред новите дипломатски настани!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Значењето на изработката на формалните работни модели не е во модерноста на изумот бидејќи веќе од третиот милениум пред новата ера постојат глинени таблици врз кои се впишани знаци што ги препознаваме како модели за канализациски работи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Неколку дена пред Нова година ѝ реков на Билјана: - Утре ќе одам да купам елка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се сепнаа кога загрме и, како лисја што се подвиваат пред новата бура, туркајќи се едно со друго, потрчаа кон куќата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)