пред (предл.) - тргнување (имн.)

Пред тргнување, еден пријател ми рече: „Таму кај што одите има многу евтини чевли. Речиси багатела.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа сигурно нешто ќе заборавеше пред тргнување, ќе се враќаше да ја заклучи вратата, да провери дали го исклучија плинскиот шпорет или можеби ја заборавила цигарата неизгасена во пепелникот и ќе стигневме токму во моментот кога возот тргнува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ама така ќе ја направиш таа работа што тој да запамети оти што пред тргнување на војна легнал со тебе. Мутлак треба така да направиш, ѝ рекол.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така сега, така и прееска пред тргнување.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ги престегна добро своите обувала, ја зеде пушката, и застана на вратата, со она желба на секој пред тргнување да се прости со нешто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Коларов го згази трамвај пред тргнување, а Хаџиевски повторно го затворија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)