пред (предл.) - кино (имн.)

Пред киното во темно сив костум, бела кошула и сив шешир ја чекаше Петар со насмевка на лицето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Пред киното постојано, покрај тапкарошите, стоеле наредени како вод за стрелање, семкари.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Цане многу нешто сака, но од сѐ најмногу му се допаѓа оној автобус што често стои на автобуската станица, пред киното.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Морам да признам, и јас тагувам за времето кога пред кината можело да се регистрира вод од семкари.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)