пред (предл.) - барака (имн.)

Појадувавме леб со лажичка путер и чај, а потоа излеговме пред бараката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Излегуваме пред бараките, а таму нѐ чека Рјазин, со натегната шубара до очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Излеговме и на мегданот пред бараките почнавме да се миеме под поројниот дожд.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се ближеше крајот, а графиконот закачен пред бараката на штабот покажуваше дека ако се продолжи така знамето нема да се развее над логорот од нивната бригада.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Летното сонце не можеше да ни ги стопли коските, се тресевме и ги триевме дланките една од друга, и нагоре-надолу од бутовите до колената.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)