пред (предл.) - Божиќ (имн.)

И додека ги минувавме овие заснежени и замрзнати патишта, на ум ми идеше онаа наша поговорка - Пред Божиќ ... и си велев - нели ќе беше подобро да се седи дома, отколку да се талка по овие завеани европски патишта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Одбивам да чекам како јаре пред Ѓурѓовден, како свиња пред Божиќ.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сега, не ни чини, бегаме од него, а казната господова доаѓа, уште пред Божиќ ќе нѐ стаса.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
ПОСТОИ една поговорка кај нашиот народ, која вели: „Пред Божиќ - зад Божиќ - дома да си!“
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И така Ѓуро по два месеца, некако пред Божиќ, се најде со група „с'омнителни лица" — гркомани, србомани — во Хасково, а оттаму во Стара Загора.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше пред Божиќ, а јас само едно тенко штофче купив, го сошив во два дела и ништо друго. Јадосана, почнав да плачам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)