пред (предл.) - два (бр.)

На средината на излогот стоеше една реклама која го објаснуваше механизмот врз чија основа механичкото перце совршено функционираше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зошто ја пренесе онаа жена преку потокот?“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Првиот монах одговори, „Спушти ја на земја. Јас тоа го направив уште пред два часа“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислите му се вратија на еден друг сон од пред два месеца.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Одвај и да сум помислил на тоа. Ме уапсија... можеби пред два дена... можеби пред три.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој почувствува дека се најде на свој терен, па супериорно продолжи: - Да, мој пријателе, појавата на јазиците и натаму останува енигма за науката и лингвистите кои се поделени за нивното потекло, но генерално се прифаќа дека способноста за зборување на човекот започнува пред два милиони и двесте илјади години според генетичкиот код на Homo habilis.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога Јован стигна со копачот на рамо, оној истиот Јован кого го сретнав пред два месеца на гробиштата и кој тогаш ми се понуди за работа, сонцето веќе беше високо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И, така, јас си најдов телефон. Господ ми прати среќичка, пред два месеци.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Мојата најмлада жена, и онаа што ми е најмила, ибн Тајко, пред два дена се попари од врел котел во Чифте-амамот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Неодамна, само пред два дена, на оваа клупа тој ја сеќаваше младата топлина на Аниното тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И тогаш се сетив зошто било плачењето на Оливера Поточка пред два дена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред два месеца, Лила требаше да му се придружи тука и да му ја скрати многумесечната осаменост, но таа веќе по третпат му најавува дека сѐ уште не ги решила прашањата со одржувањето на нивниот комфорен апартман, па уште извесно време ќе остане во Софија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го најде и се пријави, но му кажаа дека стариот султан умре уште пред два месеца, а новиот отиде на боиштето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Денот беше прекрасен, јунски, наставата во училиштето пред два дена беше завршена, водата на езерото Матка блескаше на сонцето и во неа се огледуваа високите карпи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)