поради (предл.) - нејзин (прид.)

4 Веќе структурализмот го отфрла гледиштето дека една фраза има значење благодарение на тоа што го изразува самиот поим како таков.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Деконструкцијата секогаш расправа за маргиналното, и кога маргиналното станува централно во расправата, деконструкцијата веднаш се свртува кон нешто друго што е маргинално.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овој сентимент може да се препознае во Кантовиот горд опис на неговата теорија како „коперниковска револуција“, во изборот на „коперниковска револуција“ за оваа достоинствена споредба, поради нејзината радикалност. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 77
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој забележува дека фразите доаѓаат во фамилии, често бинарни фамилии, и тврди дека една фраза го има своето значење благодарение на нејзината поврзаност со останатите фрази од таа фамилија, и, особено, поради нејзиното разликувачко место во фамилијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Или, отстранувајќи го велот на циркуларност, можеме да кажеме: секој од зборовите во фамилијата има значење благодарение на неговата мрежа од релации на спротиставеност со останатите членови од фамилијата, односно, неговата разлика од нив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Успехот во уништувањето на стариот светоглед и воведувањето на нова шема на негово место е прифатен како позаслужен отколку кажувањето на вистинити нешта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Знаеше дека не е така поради нејзината несомнена вознемиреност додека му ја додаваше пораката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Анѓа, босанката Анѓа од Париз, на која не можат да ѝ се определат годините поради нејзината, речиси, безлична физиономија, и поради жолтовосочното безизразно лице, ја сретнав во едно наше претставништво.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Почина кутрата при породувањето со ќерка му Германија, после што Германија ја зеде да ја гледа сестра му Галица, Гала и со неа се пресели во Охрид зошто тука не можеше да ги издржи озборувањата на луѓето кои уште со прст не покажуваа на неа поради нејзината толку јавна врска со германскиот офицер...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Токму кога Пелагија можеше да остане без работа, малку може и поради некој добар збор на Мице Биџов, а најмногу веројатно поради нејзината настојчивост дека има соодветно искуство од прилепскиот тутунов комбинат, таа беше примена на работа во скопскиот тутунов комбинат.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не само за тие мигови кога тетка Перса сочувствуваше со нејзината судбина, со нивната судбина, туку токму поради нејзината добрина Пелагија знаеше дека ќе мора да се отвори пред тетка Перса, ќе мора уште еднаш да го преживува она што го има преживеано.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во тој поглед на првиот дел од „Нова Пасквелија“ би можеле да му се стават примедби за пренаглености во оценките, недоволно уверливи проекции на некои состојби, но и такви тие се дел од една визија на деформациите на селото што поради нејзината внатрешна логика и хомогеност мораме да ја почитуваме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- „Јас, всушност, сакав само да телефонирам“ рече Марија. „ - Договорено, мила“ - ѝ рече главната, водејќи ја до креветот со толку нагласена нежност, што не можеше да биде вистинска, - „ако се однесуваш добро, ќе можеш да разговараш по телефон со кого сакаш. Но, не сега. Утре.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше речиси седум часот. Тој сигурно ќе излезе од куќата за десетина минути и таа се плаши дека тој сѐ ќе откаже поради нејзиното доцнење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но поради нејзината дебелина, таа не го осеќала.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)