поради (предл.) - мој (прид.)

Но поради мојата најголема радост во животот, сигурно бог нѐ штитеше!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
• Преместување. Лут сум на Том, наместо на Дик. Се враќам дома и се „истурам“ на жената, поради моите чувства кон шефот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сигурно е нешто друго. Претпоставувам дека тоа е поради мојата болест.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Последицата беше од чисто срдечно естетство, па затоа, поради мојата тврдост, за другите и остана незабележена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се чувствував виновен поради мојата немоќ да повлијаам преку малата земја која ја претставував, земјата од која потекнував имаше слична судбина на палестинската, во однос на распарченоста во повеќе земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сигурно и за Арафат, во драматичните настани кои се вестеа во неговото парче на Палестина, средбата со мене во Париз беше епизода подложна на брз заборав, кога непосредните интереси не притискаат!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имам една единствена книга за инсекти, мал застарен прирачник на француски, кој на шега ми го подари една добра пријателка - поради мојата градина, необичноста на сликите, да се забавам читајќи за глистите на еден толку отмен јазик - и мојата бубачка во таа книга е прикажана на слика како се качува низ стебленцето на орхидеја.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Истовремено, ме подготвија да се спротиставам и да излезам накрај со сѐ што во иднина ме очекува поради моето егејско потекло.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)