поради (предл.) - немање (имн.)

Според неа – работодавецот беше должен, во случај работникот да одбие да работи поради немање доволно безбедни услови, веднаш да преземе мерки за отстранување на непосредната опасност за животот и здравјето на работникот (чл. 61, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Никогаш браќата и сестра ми не можеа да ги заборават мајчините битки да ги одржи своите рожби кои, поради немање лекови, исчезнуваа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сместен во Поградец, град во кој диктаторот сакаше да престојува секое лето, новелата на Кадаре прикажува еден голем албански поет јадосан од режимот, чија последна слобода, поради немање можност да одлета или да отплови, поради неможноста да ги види своите дела широко распространети, се состои во неговото вљубување за последен пат и покрај одминатите години.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Поради немање бомби а и како приврзаници на идејата да не се гине по секоја цена, Милан Арсов, Георги Богданов и Марко Бошнаков не се изложиле на огинот на аскерските пушки и не се самоубиле. Меѓутоа, Орце и Коста требало да умрат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)