помеѓу (предл.) - пушач (имн.)

Па, кога ќе мериш за да го одбереш помалото од поголемото помеѓу пушач и пијач, на кантарот помалку тежи зависникот од никотин, а од понудените курвар и коцкар, подобар избор е љубовникот, кој сетики по некој пат ќе донесе некоја нова, научена умешност од понадвор дома, па ќе имаш и ти некој ќар, а не може до крајот на животот да биде тоа, за разлика од другиот, кој ќе испушта душа врз масата за рулет и на сто години или, во подобар случај, ти ќе му ги пополнуваш ливчињата за „спортска“ до крајот... дека помлада.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)