покрај (предл.) - нејзин (прид.)

Но, и покрај нејзината вродена бунтовност и инстинкт за самостојност, немаше сила да одолее на погледот и мекоста на неговите раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Понекогаш Клара го земаше в раце цртежот што стоеше на масичката покрај нејзиниот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ѝ го подигна највисокиот споменик во црн мермер, а покрај нејзината си ја залепи и својата фотографија, со годината на раѓање и цртичка за годината кога ќе ѝ се придружи на сестричката.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но и покрај нејзиното молчење, мајка ѝ проговори: - Мислам дека треба да го пуштиме врапчето кај неговите другари.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Тој цртеж, направен на малечко парче хартија, случајно се нашол во џебот на брат ѝ при една од неговите посети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)