покрај (предл.) - река (имн.)

Во манастирскиот двор под оревите, долу покрај реката, по чардаците, сегде каде што има сенка -преполно е исполегнат народ.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Меѓутоа, во Ардените најмногу ме зачуди еден факт - насекаде, се разбира, каде што за тоа имаше можности и убави природни реткости, гледав бели населби, главно распослани, по шумските пејсажи, или на полјанките, пак од сите страни заобиколени со шуми, покрај реката Урт.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сето тоа изгледаше повеќе како мирна сцена покрај реката... постојано клокотење на големиот ѕвер (парната машина), слично на звукот на водопад”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Шетајќи покрај реката, по кејот, ѝ се чинеше како којзнае од кога да го напуштила градот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Шетаа покрај реката. Не голема рекичка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Шетаа покрај реката. Доцна навечер. Ѝ го сврте со двете раце лицето. Кон неговото. Очи во очи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ЈАКОВ: А каде живееме ние, каде да ме одведат луѓево, како да им кажам, каде живееме? КРИСТИНА: Покрај реката.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Цуцул пасе говеда покрај река Ситница поминала лисица: - Добро утро Цуцуле. - Дал бог добро Лисице.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Воз во движење низ населени предели, покрај река и дрвја. Писок на локомотива.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Тополите покрај реката неподвижни, небаре изморени, во вршките веќе беа пожолтени.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Кога седам на чардаков покрај рекава и гледам во ѕвездите, сѐ ми се чини дека сум таму, покрај Кубан“, ја завршил божем пред Анатолиј својата исповед дед Павел.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Замина Гури Порадеци, покрај реката. Го гледавме јасно додека стаса до осамениот Дрвен мост.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Низ полето кога помина Водолеа Мајките од небото гледаа Дечињата како им играат покрај реката И глас детски нагоре како се искачува.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Си врвеше тој ден рибарот дедо Гога покрај реката, со јадица преку рамо и празна торба на грбот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Седиме така покрај реката со Ристета, ги мрцкаме нозете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги пуштиле добиците да грепкаат, да поштат прегорена трева покрај реката и се заиграле...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И еден ден, црн ден за мене, го заповедав Ангелета да ги истера кравата и магарето удолу, покрај реката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А Наќе од Церово оди покрај реката и само приѕира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Освен една казарница за варење ракија, покрај реката не се чуваше ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А трчаше и покрај река, како да сакаше и реката да ја завтаса.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Видов еден пар, изразито панкерски во таа толку конзервативна средина и јас почнав да се “вселувам” во непознатата девојка со магента коса.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Отидов во зоолошка градина. До тогаш веќе носев замислено бебе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Лутав цел ден, почнувајќи со прошетка покрај реката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)