покрај (предл.) - прозорец (имн.)

Покрај прозорецот имаше една маса за карти на која тој и старецот можеа да разговараат, без да бидат прислушкувани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Огромниот кревет покрај прозорецот беше покриен со излитени ќебиња и со перница без навлака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Онаа што го љубеше стоеше покрај прозорецот во кујната, со колковите залепена за топлиот радијатор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Полека отпиваше мали голтки од првото кафе и ги гледаше ретките снегулки надвор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А отиде и ме остави, не за Ризо, за една друга, од другата редица покрај прозорците.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Патуваме кон исток. Покрај прозорецот на автомобилот протрчуваат стотици села, ридови, дрвја.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Се чистеа огромните стари кристални балски лустери, се поставуваа посебни светла од страните, покрај прозорците до кои висеа тешки кадифени темно црвени пердиња.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Стоевме покрај прозорецот и гледавме во мракот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еднаш мојата мајка се врати предвреме, и се загледа во цртежите наредени по масата, столовите, шпоретот, покрај прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа мракот почна да ја губи својата густина, се разредуваше добивајќи бледо руменило.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некогаш од сон ме буди неговата смеа; одам, ја отворам вратата, неговата соба е празна, но мириса онака како што мирисаше тој кога беше малечок откако ќе го искапев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледаше де во мене, де во цртежите, како да ме имаше фатено да правам нешто срамно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ноќе седам покрај прозорецот, слушам чекори и во нив го препознавам звукот на неговите чекори; станувам и го отворам прозорецот, а на улицата нема никој.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Патуваме кон исток. Покрај прозорецот на автомобилот протрчуваат стотици села, ридови, дрвја.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ова беше нешто сосем ново, невидено и тој цел час преседе покрај прозорецот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)