под (предл.) - срце (имн.)

Го сакам дивото во тебе кое не признава правила додека ми се вовлекуваш и ме отвораш длабоко, до под срцево“, велеше Ема Ендековска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А пак јас, тежев како камен врз него, тешка од тешки мисли, тешка од ТЕШКОТО- ОРОТО, кое во мене без престан се играше, па како лута змија отровница, под срце да ми се беше завила, ми тежеа и рацете и нозете и снагата, иако не беше многу ухранета.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Што им е на овие бодежи под срцето?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Добрината собрана во едни широки гради под срцето.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Волците слепо ја следеа по бескрајното снежно море и ја оставија, а таа, како да си дојде на себе: далеку ги заобиколуваше јуруците, се плашеше од нивните развлечени песни; ноќе го грееше под срце нејакиот пород и се разбудуваше дури и кога по земјата ќе зашушкаа ланските дабови лисја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)