под (предл.) - скала (имн.)

Едип не се гледа долу под скалите. Му се чини далеку е уште земјата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Истиот ден, околу два часот по полноќ, не можејќи од возбуда да склопи очи и да заспие, Панде го разбуди анџијата, кој ’ркаше како некој стар, со години неподмачкан чекрк, истркалан малу подалеку од него на сеното, под скалата, до вратата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мајка ми постојано се врткаше околу последните зрна заклучени во ковчегот под скалата, прибираше од оние што сѐ уште не мувлосале и шепотеше налутено колнејќи ги „желкарите“ и „ камаратине“.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Излези, не те тепам тебе, вели, и ме бара в ќевар, в плевна, под скали, на черен, по мутлите, секаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од надворешната страна, од земјата до чардакот, имаше дрвени скали од коишто три скалила беа веќе одамна иструлени и висеа обесени под скалата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Милиционерот назадгазум влезе во мракот под скалата каде што имаше врата чии праг беше на повеќе од половина метар над рамништето на ходникот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)