под (предл.) - ритам (имн.)

Гајдата ја засака уште како дете и не се делеше од неа; кога порасна свиреше на свадби, на веселби, на гости, на свршувачки; свиреше со љубов, со возбуда, заносно, поттупнувајќи со нозете под ритамот на свирката; ги надуваше образите, ги напнуваше вратните жили, мрдаше со прстите по дупчињата и испушташе весела или тажна мелодија спрема песната и расположението; со своето чудесно свирење некому му ги лечеше болките, а некому му ги доразрануваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сега дури и му се стори како да ја гледа онаа постојана врвца пилотина како фискија од двете страни на забиеноста на челичната плоча во дрвото, како се спуштаат тие бели сиџими по подот и како се расејуваат по целата просторија, што подигрува под ритамот на бичењето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)