под (предл.) - прозорец (имн.)

Тогаш мораа да минат покрај зградата на градскиот комитет на партијата, токму под прозорецот на секретарот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Ќе бидам ваша”, рекла таа, „откако ќе минете сто ноќи чекајќи ме на столчето во мојата градина, под прозорецот”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Му свиркавме под прозорецот, но попусто.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Вистина е, на час сѐ си беше вред: довлечкај се и застани под прозорецот, на вратата или седни некаде на крајот од училницата и слушај: попусто би било да може нешто да се открие и дознае.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На широката минсофа, послана со меки шилтиња и со долги извезени перници потпрени до ѕидот под прозорците од големата одаја што гледаше накај езерото, седеше Аспасија, мајка ѝ на Викторија, и тапо, беспомошно гледаше во стројничката излегната на перниците, како во своја куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По тие групи имаше собирања во паркот каде што некој ќе се најдеше на договорената клупа да задрнка на гитара, кошкање парталава топка по длабокиот песок на дивата плажа, ненадејни прошетки со позајмен велосипед по насипот покрај реката од градот до предградието, непланирани потсвирнувања на другари во темница кога под прозорецот не очекуваш ништо друго освен мирис на босилек.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И токму сакаше да се тргне од прозорецот и да се привлече до топлата печка, кога на трендафилот што беше веднаш под прозорецот слета едно врапче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Под прозорците миндер што ја зафаќа и целата десна страна, подреден со килим и перници.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се сретнавме под прозорецот на Ана - тој со дигнати раменици како да ќе полета, самоуверен и исклештен, јас подведнат, намуртен, лут.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Партијата на Луција наскоро изгради најмоќна младинска организација; со ноќи поминуваа младинци од нивната партија под прозорците, во темните улички и со запалени свеќи го славеа, како што велеа, „пристигнувањето на слободата“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кај нас, тие паликарјата Македонес страв будеа и сееја со лош збор, со крвнички поглед, со стегната тупаница, со стап, камшик и со ластегарка в рака, со шлаканица, со подивен глас на стие, со начулено уво под прозорец и со намигнување на кодош..
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дежурната болничарка подаваше пијалоци на карневалот, и немаше кој да им подаде вода на оние кои умираа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Малку вода… Малку вода,“ молеше старецот кој умираше на душекот наместен на подот под прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само што седнаа на нивната клупа, го замоли Томо уште еднаш да ѝ ги извезе познатите стихови: „Во долот сѐ уште цветаат доцните цвеќиња. Уште под прозорецот зелени тополата...“
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Првиот веќе беше под прозорецот. Тој се нафрли врз убиениот. И уште веднаш врз него наскокаа пак сите други, истрчувајќи ветерничаво од сите страни и вплетувајќи се во уште побесно клопче, од кое снегот прштеше наоколу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во сенката под прозорецот Глигор и Арсо мирно гледаа во оваа необична церемонија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо најде едно незафатено место под прозорецот, си ги остави пљачките и уморено се струполи врз нив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во каушот завладеа мртвило. Глигор и Арсо се вратија на своето место под прозорецот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мракот ми е ден, сенките придружнички: никој не ме гледа, закулник сум дури и за очи на був, од студентските дни Asio otus, а јас можам да ги ѕиркам низ чипките на завесите - стојат под прозорецот изѕемнети дури и од летен дожд, црни, со лица на шумски сатири, влакнести и балсамосани под кожените облеки, да ти се смачи од тие човеколики пци со совршено полициско педигре.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во дното под прозорците и лево, до самата врата миндер, послан и подреден со перничиња.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А вујко ми ќе се најде пред свршен чин и ќе си стави едно локумче в уста. (Николаќи пее под прозорецот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Што е право, отпрво не ме бендиса, ама после, кога почна да говори за Илија... (Селман-ага пее под прозорецот на Антица): Антице, мори бела кадано, Идеш ли ќа се посвршиш: Бела ханума ќа бидеш, На меко диван ќа седиш, Жолти флорини ќа нижеш, На твое бело грло ќа редиш?...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Некако успеваше да ја врати пак кај еден од браќата, таму, под прозорецот со нечисти пердиња, не можејќи да заспие од нејзиното мешколење и од лутите комарци.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во собата, под прозорецот со неколку матни дамки од месечината, некој јачеше од задоволство, додека шишкањето на ќебето и чаршавите го избезумуваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Џулија дојде преку собата и застана до него; гледаа заедно долу, речиси како маѓепсани во моќната фигура под прозорецот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Долу под прозорецот некој пееше. Винстон ѕирна, скриен зад муслинската завеса.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Под прозорецот, зафаќајќи речиси една четвртина од собата, се наоѓаше огромен кревет на кој сѐ уште имаше душек.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се растрчуваа и луѓето по сокаците и одеа кај онаа жена што им беше поблиска, што им беше роднина или пријателка, застануваа крај куќата и штутеа под прозорците, ги наслушнуваа јачењето на породилката и заклучуваа дали ѝ наближува времето за породување или уште ќе се мачи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Слезе Анко и застана под прозорецот да го слуша. Го слушаше а на очите навираа солзи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Окната на прозорците беа чисти, со перденца, од вратата до огништето беше послана черга, врз ковчегот под прозорецот до огништето весело шарена памучна покривка.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога роси и дете кога си игра на улицата И мајка од некаде кога довикува И златна јаболка во дворот кога се ниша Излезете на молитва За вечен да биде таа слика Зашто по многу време ќе застанеш под прозорец И гледаш: Веќе е есен и детето во тебе го нема И пред тебе и сушата и лисјето венат и ниту роси и којзнае каде е Магдалена...
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Тие што не воскреснуваат гледаат под прозорците како одминува историјата И како догорува уште од пред три века некоја запалена свеќа И како расцутува сѐ со горчините на вјеки веков.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ноќта и нам нѝ се криеше меѓу трендафили под прозорец Земјата ја пишуваме со мала буква И кубиња стоеја заклучени зад ридоите.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
И не само тоа, туку ги праќале и своите волци да им вијат под прозорците; лисиците да им шетаат по амбарите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Е, кога Голем Тодор и тајфата музичари и песнопојци ја испеале првата песна под прозорецот на Рајна, пресреќна таа и на чардакот ги поканила, ги нагостила, па дури и новите чевли си ги клала и прошетала на топуци пред нив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Пред да се чкрапне сијалицата, темникавоста на одајчето ја бркаше вжештеното отворче на ќумбенцето, Перса и Пелагија во разговор на креветот, а малечката Пела, седната над едниот садак под прозорецот, му зборува на внимателниот Мурџо, малку подалеку од неа, кој чучи на задните нозе и потпрен на предните.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Под прозорецот вртат борци и само приѕираат нагоре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А не беше срамота шо не ловеа по ниви, по градиње, под прозорци, на армаси, на свадби, на пазар, на патишта и друмови и не срамотеа со тоа нивното рицинус и ренката?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мирно да си спиеме без страв дека некој клечи под прозорецот или наслушкува со увото залепено за порта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На самоти почеток одвај чујно, речи си срамежливо, тивко како лесно треперење на крилја на вилино коњче, едната јa гони другата и се нижи во синџир, а во него - студените кладенци каде моми студена вода налеваат, прстенот меновник, долгите години на чекање, високите чардаци, белата пченица и деветте гулаби што високо над ширно поле летаат, јадовите момини и либето кое под прозорец, пред порти, под чардак чека...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)