под (предл.) - перница (имн.)

Книгите морам да ги кријам под перница.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Се навали на својот крлук од кој не се разделуваше (дури и кога спиеше го ставаше под перница или во ровот и земјанката под глава) и се врати на излагањето на Захаријадис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка му ја отвора вратата од собата, го одмерува со еден тежок поглед, а Ване на брзина го крие стрипот под перницата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А Ване пак го извлекува стрипот од под перницата и пак чита.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Солза под перницата а насмевка на вратата.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Л.А. го испраќа на аеродромот. Летот е пладневен (12,05), меѓу оној за Франкфурт (11,50) и оној за Краков (12,15).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Два дена по ноќта во Dramat, таа лежи на страна, гола, белогаза, со левата рака под перницата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој стана, го извлече пешкирот под перницата, го натопи со вода и му го стави на челото. - Треба да подремнеш. Моите брборења те растроија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште во муграта, кога виделината одвај пробива преку спуштените завеси, Арсо ја пушта раката под перницата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Под перница држеше турски документи и со нив се легитимираше и пред српските и пред бугарските и пред македонските власти.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Направи остар нож и пред да си легне го стави под перница. Сонуваше како некому се заканува.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Значи, сѐ е вред: торбата ја пикам под перницата од постелата и спокојно спијам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Не вреди да му вратам! - помислив и само лошо го погледнав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со амблемите можеш само да се сликаш или да си ги мушнеш под перница.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„И јас ќе појдам со вас. Сакам да напишам репортажа за кошаркарскиот подмладок“, тргна и Дејко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Треба само под перница да се клае чешел, огледалце и украдена пченица од жена што се враќа од црква.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)