под (предл.) - врба (имн.)

Натаму - в поле битолско чемрее врба проклета - под врбата незнаен гроб, в гроб лежи војник непознат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
14. О однесете го нека спие долго со долг сон и закопана песна во црвеницата на својто мртво око Но не под врба проклета ко војник чемерен и заборавен од секој и не ко мома со жолтица на усните Исправен беше до задниот миг со песна стројна како `рбетот строен ко дрво извишено в лет Спуштете го под бука бушава лисје да падне да го разбуди ветер да вејне да го распее Зашто тој пее слушате ли пее та пее во вас неговата смрт со жал ве храни и надежи нови О однесете го нека спие долго
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Некаде во непосредна близина, иако не се гледаше, течеше бистар, бавен поток во кој пастрмки пливаа во вировите под врбите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеш да ги видиш како лежат во вировите под врбите и мавтаат со опашките!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На работ од полето имаше брестови што се нишаа благо, а некаде зад нив се наоѓаше потокот во чии зелени вирови под врбите пливаа рипчиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Под врбата имаше само една клупа и долга маса на која постојано беа распослани неколку дневни весници и на нив положени очила и пепелница, најверојатно за да не ги одвее ветрот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Под врбата”, заедно со Гоше, постојано се врткаше и Киријаз, вработен во аптекарската мрежа на Ласте Думбаровски како набавувач на стока.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој дожд тегнеше во неа еднолична мелодија но не можеше да избрише едно сеќавање на онаа ноќ под врбите во паркот, и потоа во неговата врела соба, кога праинсконската вистина ја отвори до срце и ја исполни: гаменот со голо теме може сѐ и чини сѐ што може.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Момчаците внимателно го следеа нашиот разговор.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Под врбине лежат неколку нивни дрвени чунови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Построени, со еднаков чекор и песна се враќавме под врбата, дваесетина минути не вежбаше Маријанти рамен строј и чекор, а потоа добивавме чинија макарони (секогаш за ручек и вечера макарони), јадевме набрзина и одевме на спиење.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Остана носачот, кој немајќи работа, по цели денови дремеше под врбата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа, построени и со песна, токму напладне поминувавме по централната улица што води право кон пристаништето, свртувавме десно и, удирајќи строев чекор пред касарната на албанската воена морнарица, последното чекорно удирање го завршувавме под врбата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)