по (предл.) - дома (прил.)

Дедот Ристе веќе си ја знае должноста: — Ами, ете виа побратимите си загубиле некое шилеже, та дојдоа да го бараат во Рожден, белки е заодено со некои нашинцки овци; токо, земи си столче и седни, вали а борината, и така невестата Менка треба да прошета по дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така викендов по дома организиравме воени вежби налик на оние СВОЗ-манифестации што на времето се одржуваа во нашата месна заедница Тафталиџе Два: Јасна ми бира кошули што најдобро ќе го одразат мојот буен режисерски талент, мојот адвокат Пол ми пишува говори што ниту за две години не би можел да ги научам, на балконот на Нено и Милена е формиран кризен штаб за заднинска поддршка, а јас визионерски шетам низ дневна замислувајќи како во блиска иднина Рихана ме преколнува за соработка.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Свеќи ќе купам во разни бои, за по дома да ги понесат, пред спиење да ги палат и да си ги чуваат, па да ми ги вратат изгорени и да ми се пофалат што сѐ убаво им се случило, а, ако колата низ брдо тргнала, секогаш можам да им речам дека, ете, сега месецот и ѕвездите ќе делуваат врз нив и дека моите предвидувања ќе почнат како лавина да се случуваат. Ама, од утре!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Е па! Е па, после ќе имале афера, па ќе имале, кога по дома немале ни афера ни дешавка за во тефтер да ја раскажат, како Мерил Стрип со оној Клинт кој не беше Бил и кој како фотограф откри толку сексипил во една средовечна жена облечена во фустан на копчање кој се носи само на пазар и коса врзана во коњски опаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Знае таа дека секоја година освојува прво место за златна „кутљача“ и сребрен медал за „медицинско особље“ по дома.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само треба на врата, кога трга на излет, да му се подаде тефтер и пенкало, зошто бајаги е излапен, па да си запишува што му се случува и да си ги скицира тоа позите, за да ги испробувате по дома кога ќе се врати.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Можеби поради муабетот со една раскажувачка, која всушност повеќе е преведувачка со блескава насмевка, затоа што, прво, замислете, не јаде благо кога ѝ нудите и, додека јас мислам дека е поради забите и каријасот, таа ми раскажува за холестеролот во крвта и препораките од „типот“, кој по дома ѝ е маж, а по надвор и доктор, како сѐ треба да се спушти на количество од една третина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Потем сал туку се излежуваше по дома, си остана младоженец без невеста, едно време се пушти глас дека станал акробат и ноќум одел по жица како месечар, филистејците се такви, на спасителите им подаруваат осаменост, им го нудат и кошмарот на заминувањето од родната грутка – барем сега не се талка со месеци по морињата до Австралија и Нов Зеланд, а ако е до пустини и таму има пустини, но децата таму не чуле за прачки, не виделе дренки и шумски малини, децата таму се далдисани во компјутерски игри.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ја остави прачката во долапот, како да потпевна прачка имам камен немам, па ја бакна мајка си в чело и цел ден и цела ноќ попусто чекаше да му подари солза радосница.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Нишан (поделено јас) Договор е јаболко да не клаваме во разговорот - кутија отворена: раздорот, пан-доратот на мегдан сам ќе дојде во ситен кас, ненасит јаболкото е за по дома уште повнатре за интимни дела (пред употребата добро да се одмери) уште повнатре во умот без него -една глава сто ума- расцеп на личноста, пизма без име како јас-бол, како разроко јас поделено јаболко: поделено ти камен-меѓник (кај и да погледнеш!) во мојата нива коренот во твојата плодот а сенката паѓа на сите страни на светот, АДАМ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И можеби дедо Бошко ќе одбиеше, и Луман, како што имаше обичај, ќе ги изнатепаше сите по дома, некого ќе убиеше или дури и куќата ќе му ја запалеше за да си ја покаже силата, но сега тоа не се случи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш Младотурците рекоа дека слобода носат за секого, комитите нека си се вратат по дома: да живееме сите братски и во слога.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)